Рељиќ: Задоволна сум од настапот на Олимписките игри
Рељиќ е задоволна од настапот, но се надева и на поголеми успеси во иднина.
„Задоволна сум од настапот на Олимписките игри. Вчера ги завршив борбите. Во првата борба се сретнав со двојната олимписка шампионка, но во борбата влегов храброт и сконцентрирано. Немав никаков стрес или притисок поради тоа што таа беше двапати олимписка шампионка и неколкупати европска и светска шампионка. Со тренерот смисливме добра тактика што да работиме, тоа го работев и на крај победивме. Во втората борба за жал тесно изгубив од претставничката на Либан. Борбата беше изедначена, можеби фалеше малку спортска среќа, но направивме добри борби. Тука нема да застанеме, продолжуваме напред кон поголеми успеси“, вели Рељиќ.
Задоволен е и нејзиниот тренер, Ефтимов кој изрази надеж за поголеми успеси во иднина.
„Можам да кажам дека сепак со успех се враќаме од Олимписките игри. Дадовме се од себе да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Во првата борба се боревме буквално со нашиот идол, Џеј Џонс, двократна олимписка шампионка, неколкупати светска и европска шампионка, една од најдобрите во историјата на овој спорт. Но, ние успеавме да ја победиме и покрај тоа што таа има многу поголемо искуство. Штета што во втората борба многу тесно загубивме. Нијасни одлучуваа да не поминеме во полуфиналето. Не освоивме медал, но ја освоивме македонската јавност. Тоа ни е важно да продолжиме понатаму кон следни предизвици“, вели Ефтимов.
Ново на Сител
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија
-
Трамп најави нови царини на лекови, камиони, мебел
-
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
-
Без струја повеќе скопски села и општини
-
Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион