Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
Од учебната 26/27 година во Штип започнува спроведувањето на нова стратегија за оптимизација и развој на образовниот систем. Првите промени ќе се однесуваат на основното образование. Советот на Општина Штип веќе донесе одлука за измена на Статутот на ООУ „Гоце Делчев“, со што ќе започне постепена реорганизација на наставниот процес. Од следната учебна година нови ученици во прво и шесто одделение нема да се запишуваат во ова училиште, туку ќе бидат распределени во останатите основни училишта во градот. Процесот ќе се спроведува постепено и треба да заврши во наредните пет години.
- Оваа стратегија не предвидува технилошки вишок, на веќе постоечкките вработен лица во рамките на образовниот процес, туку нивно искористување односно, преземање во останатите образовни ионституции и училишта на еден среден рок од 5 години. За жал, секоја година имаме се помалку учници, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Во просек на еден наставник во Штип доаѓаат девет ученици. Објектот на училиштето нема да остане неискористен, туку и понатаму ќе биде дел од образовниот процес, односно, ќе му се додели на користење на штипскиот Универзитет.
- Нашиот Универзитет, колку што знаете, има одредени струки, на пример, еве стоматологија е дел од медицинскиот, од Факултетот за медицински науки, на којшто е планирано да се направи поликлиника којашто би била специјално дизајнирана за да можат студентите да остваруваат практична работа, но истовремено и да даваат услуги кон ранливите и социјалните категории на граѓани. Идејата е, бидејќи се работи за објект којшто може тоа да го поднесе, да еден дел од објектот биде пренаменет за таа намена, а другите објекти соодветно како ќе се одвива процесот, нели, на менување на структурата, другите – другиот дел од објектот да биде наменет за лаборатории, наставни простории, изјави Дејан Мираковски, Ректор на УГД
Во меѓувреме, Универзитетот веќе подготвува планови Филолошкиот факултет од Кампус 4 кој е во перифорниот дел на градот, да биде преместен во објектите на Факултетот за образовни науки и Средното текстилно училиште.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
