Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор

– Претставничката на републиканците од Флорида, Ана Паулина Луна, му предложи на американскиот Конгрес легислатива што ќе му наложи на секретарот за внатрешни работи да го издлаби ликот на претседателот Доналд Трамп на Националниот споменик на планината Рашмор во Јужна Дакота.
Луна, која првпат беше избрана во 2022 година и реизбрана во ноември минатата година, истакна дека законот има за цел да му оддаде почит на Трамп „за неговото трансформативно влијание врз Америка и историското значење на неговото лидерство“.
– Храброто лидерство на претседателот Трамп и непоколебливата посветеност на американската величина го зацементираа неговото место во историјата.
Планината Рашмор, безвременски симбол на слободата и силата на нашата нација, заслужува да го одрази неговото огромно наследство – наследство што е дополнително зацементирано со силниот почеток на неговиот втор мандат, истакна Луна.
Според неа Трамп засекогаш ќе остане запаметен „меѓу великаните како што се претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт“.
Трамп во 2020 година ги негираше медиумските извештаи дека Белата куќа контактирала со тогашната гувернерка на Јужна Дакота, Кристи Ноем, за поставување на неговиот лик на планината Рашмор, иако тој додаде дека тоа „му звучи како добра идеја“
Ноем, која е потврдена за секретар за домашна безбедност, на 4 јули 2020 година, по повод Денот на независноста на САД, на Трамп му подари скулптура од планината Рашмор на која беше врежано неговото име.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
