Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства

Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво.
Генералниот ревизор и претседател на Државната ревизорска институција на Србија, Ивица Гавриловиќ, нагласи дека Целите за одржлив развој се „можност за сите нас“, соопшти Програмата за развој на ОН (УНДП).
„За успех, потребна ни е синергија од сите - државата, граѓанското општество, академските институции и донаторите“, рече Гавриловиќ на состанокот „Стратешки дијалог на врховните ревизорски институции за заеднички ревизии во врска со Целите за одржлив развој“. Тој додаде дека би сакал еден од конкретните резултати од партнерството со УНДП да биде воспоставување регионален форум на високо ниво како заедничка платформа за континуиран дијалог, размена на искуства и побрзо постигнување на целите.
Претседателот на Комисијата за финансии, републички буџет и контрола на јавните расходи на Народното собрание на Србија, Верољуб Арсиќ, изјави дека задачата на Комисијата за финансии, како и задачата на врховните ревизорски институции, е да обезбедат јавните пари да се трошат таму каде што ќе имаат најголем ефект врз квалитетот на животот на граѓаните.
Настанот беше организиран во рамките на регионалниот проект „Паметно финансирање за одговорно локално управување“, кој, со поддршка на Словачка, го спроведуваат Регионалниот центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Истанбул и Канцеларијата на УНДП во Северна Македонија, во соработка со канцелариите на УНДП во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија и Србија. Проектот има за цел да ги подобри ревизиите поврзани со Целите за одржлив развој, да спречи корупција и да ја зголеми транспарентноста преку зајакнување на локалните системи за ревизија и контрола.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
