Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иранската армија ќе ги води преговорите со САД, изјави портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ибрахим Резаи.
„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“.
Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран. „Во оваа битка, Америка треба да се предаде и да го признае поразот. Овојпат Трамп ќе биде понижен, и тоа целосно“, истакна Резаи.
Вашингтон претходно соопшти за продуктивни разговори со Иран. Иранското Министерство за надворешни работи негира дијалог, но посочи дека Техеран примил пораки преку посредници со изразена желба на Вашингтон да се започне дијалог за завршување на конфликтот.
Според информации објавени во медиумите, САД предложиле план од 15 точки, но Иран сè уште не ги има потврдено таквите информации.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
