РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП

Парична награда во износ од 1.5 милиони денари ќе добијат македонските ракометарки доколку успеат да се пласираат на Светското првенство, објави вечерва Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Одлуката е донесена во пресрет на мундијалскиот бараж во кој противник на македонската женска ракометна репрезентација ќе биде Полска. Првиот натпревар е закажан за в среда во Битола, а реваншот е на гостински терен в сабота.
„Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното Светско првенство преку квалификациски бараж натпревари против репрезентацијата на Полска во висина од 1.500.000,00 денари“, соопшти РФМ.
Последен пат Македонија учествуваше на Светско ракометно првенство во женска конкуренција во 2007 година.
Ново на Сител
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
