РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора

Во Белград денес ќе се одржи состанок на Ракометната федерација на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометната федерација на Црна Гора.
Трите држави се потписнички на меѓународен договор за соработка во спортот. Доколку се постигне договор, заедничко натпреварување во ракометна лига би започнало во септември.
Планирано е лигата да има10 клубови – четири српски, четири македонски и два од Црна Гора.
Србија би ја претставувале полуфиналистите од плејофот, а тие се познати три кола пред крајот на лигашкиот дел од лигата АРКУС: Партизан, Војводина, Динамо од Панчево и Дубочица.
Од нашата држава би учествувале екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид, а од Црна Гора, Ловќен и Будванска ривиера.
Учесниците во ракометната лига нема да го играат лигашкиот дел од националните првенства, туку ќе учествуваат во плејофот.
Во секој случај, најдобрите клубови би добиле посилна и подобра конкуренција, што би им помогнало што е можно поподготвени да се соочат со предизвиците во европските купови.
Белградски медиуми јавија дека се разгледуваат планови и за формирање женска ракометна лига во која сите поранешни југословенски републики би имале по два клуба.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
