Рибарите обвинуваат дека концесионерот на охридското езеро работи незаконски
Рибарите од Радожда се жалат и обвинуваат дека концесионерот на рибниот фонд за стопански риболов на Охридското езеро работи незаконски. Тие тврдат дека има потконцесионер на струшкиот дел од езерото од Подмоље до кампот Треска со кого преговараат и договараат услови за риболов. Рибарите велат дека се ангажирани без договори и не се води никаква евиденција за уловената риба.
Министерот за земјоделство Димковски пак вели дека за ваквата сосотојба ќе бидат известени инспекциските служби и тврди дека законски неможе да има потконцесионер на езерото.
Новиот концесионер на Охридското езеро струшката фирма Летница Белвица ги негира обвинувањата тој вели дека нема подконцесионер и дека се работи согласно законот додавајќи дека рибарите моментално биле отпушетени од работа поради забраната за лов во овој период од годината кој е единствениот начин, загрозениот ендемски вид риба повторно да се врати во водите на езерото.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
