Ристовски: Од некогашна руина направивме солиден спортски храм

Министерот за спорт, Борко Ристовски денес присуствуваше на пуштањето во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода.
Ристовски изрази задоволство од тоа што спортистите и рекреативците добиваат уште еден објект кој ќе можат да го користат за подготовка и натпревари.
-Од она што некогаш беше руина, направивме сосема солиден спортски храм којшто има пропратни дејствија. Пред салата се наоѓа преубав плоштад на кој покрај спортски активности ќе може да го запазиме и социјалниот моментум. Ова е само еден пример како може да се истурка целиот процес, од одземање на ингеренциите на човекот кој ја раководеше салата 30 години до правење проект, до изнаоѓање средства благодарение на претседателот на Владата, па се до комплетна реализација. Покажавме со дела дека навистина дека работите можат да биде поинакви и ние како Министерство и како Влада генерално сакаме делата да говорат за нас. Македонија доби уште еден репрезентативен објект. Верувам дека од овој спортски храм ќе изникнат многу спортисти кои успешно ќе ја претставуваат Македонија, рече Ристовски.
Министерот им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, за поддршката дадена за обнова на салата.
МИА
Ново на Сител
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
