РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден

Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови.
Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј.
Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано (околу 16:30 часот) на платото пред салата ќе има организирана фан-зона наменета за сите посетители.
- Ве покануваме да дојдете и да уживате во забавата која воедно ќе биде увертира за спектаклот кој следува.
Неизмерна е нашата, а веруваме и вашата радост како навивачи, што по децениите на заедничка борба за клубот, ја имаме честа да го одбележиме овој важен датум од историјата на клубот!
Ви благодариме што секогаш сте биле тука за клубот и што никогаш не сте ни го свртеле грбот. Ви благодариме за поддршката и за сите заеднички спомени, кои во четврток ќе ги прославиме онака како што доликува и како што го правевме 65 години - Заедно!
Кон крајот на јубилејната година најавуваме и документарец, посветен токму на РК Вардар, на сите генерации кои го граделе и бранеле неговото име, на легендите, играчите, тренерите и навивачите кои оставиле неизбришлива трага во историјата на клубот, стои во повикот на РК Вардар.
„Црвено-црните“ се на добар пат да ја освојат и шампионската титула, откако вчера го освоија трофејот во Купот на Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за ЕХФ ЕУРО 2034
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во оваа сезона на пожари
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
