Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци

Евроамбасадор Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ има голема определба земјава да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж оти припаѓаме на европското семејство, но, повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Сепак, изрази надеж дека „нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци“.
- Како што знаете претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци - изјави Рокас.
Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава изјавата ја даде за време на паузата на 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ има пла „Б“ за земјава имајќи ги предвид ветото од источниот сосед и уставните измени.
Рокас оцени дека главната порака на оваа конференција беше пораката за заедништво дотолку повеќе што таа се одржува истовремено со Самитот на Западен Балкан во Тиват од каде има големи очекувања особено имајќи го предвид заедничкото писмо од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Мерц во однос на тоа како ќе го унапредиме и симплифицираме процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.
- На денешната конференција сите делегати придонесоа со конкретни идеи особено во однос на регионалната соработка за заедничкиот регионален пазар и за тоа како земјите од Западен Балкан и придружните земји најдобро да се подготват во однос на заедничкиот пазар на Европската унија што е доста конкуретен. Истовремено, и како да се заврши процесот (на пристапување) - рече евроамбасадорот Рокас во изјавата по првата сесија на КОСАП.
МИА
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
