Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот

Романскиот претседател Никушор Дан, по состанокот на Советот за национална безбедност, ја соопшти одлуката за затворање на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Констанца и протерување на конзулот, пренесе телевизијата Диџи24.
Состанокот на Советот се одржа откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галаци, источно од границата меѓу Молдавија и Украина, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата.
„Синоќа се случи сериозен инцидент во кој беа повредени двајца граѓани, а целата одговорност за тоа е на Русија. Генералниот конзул на Русија во Констанца е прогласен за персона нон грата, а конзулатот во Констанца ќе биде затворен“, рече Никушор Дан.
„На состанокот на Советот за национална безбедност разговаравме и за прашања поврзани со цивилната заштита. Синоќа реакцијата беше многу брза и министерот за внатрешни работи нè информираше за мерките што веќе се преземени за целото потенцијално погодено подрачје, зголемувајќи го бројот на персонал и мерките. Значи, ние сме подготвени во таа насока“, додаде романскиот претседател.
Тој, исто така, рече дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за инцидентот во Галаци, кој го нарече „најсериозниот безбедносен инцидент што се случил на романска територија од почетокот на агресивната војна на Русија против Украина“.
МИА
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
