Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ) му изрече на Кристијано Роналдо суспензија од 30 дена и парична казна од 255 евра, откако тој кон крајот на септември непрописно го напушти тренинг-кампот на португалскиот национален тим во Данска.
На неочекуваното заминување на Роналдо му претходеше големо незадоволство поради минутажата што ја добиваше, што на крајот резултираше со конфликт со главниот тренер Жорже Жесус. Тамошните медиуми особено го истакнаа апсурдот на паричната казна, којашто е, најблаго кажано, „смешна“, или чисто симболична.
Ако се земе предвид неговата астрономска плата во саудискиот клуб Ал Наср што изнесува приближно 208 милиони евра годишно – Роналдо заработува 255 евра за само 39 секунди.
Со оглед на тоа што на португалската фудбалска ѕвезда веќе му минаа 19 дена од суспензијата, тој ќе стекне право повторно да настапува за националниот тим уште во ноември – се разбира, доколку тренерот одлучи да го повика.
МИА
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
