Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД очекуваат воената операција во Иран да заврши во рок од неколку недели, а не месеци.
Рубио, по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција, рече дека САД се на дофат да ги остварат планираните цели во Иран.
Тој истакна дека секое постојано наплаќање на преминот за бродови низ Ормуската Теснина би било неприфатливо, наведувајќи дека Иран би можел да одлучи да воспостави систем на наплата на таа пловна рута.
– Не постои ништо што Русија го прави за Иран што би ја попречило или влијаело на американската воена операција во таа земја – рече Рубио, одговарајќи на прашањето за врските меѓу Москва и Техеран.
На прашањето за можноста за американска копнена инвазија на Иран, Рубио рече дека САД можат да ги постигнат сите свои цели и без копнени трупи, но дека на американскиот претседател Доналд Трамп секогаш ќе му бидат понудени опции да се приспособи на непредвидени околности, доколку тие се појават.
Коментирајќи дали членките на Г7 претходно се обврзале на состанокот дека ќе ја користат својата војска за заштита на Ормуската Теснина по војната со Иран, Рубио одговори дека мисли оти сите членки соопштиле дека ја разбираат потребата за тоа.
– САД секогаш ја сметаа меѓународната коалиција за протокот како постконфликтна нужност – наведе Рубио.
Според него, САД се подготвени да бидат дел од коалицијата за протокот, како и дека ги охрабриле другите земји да учествуваат во неа.
МИА
Ново на Сител
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
