Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ги зголеми увозните давачки на индиската стока поради нејзините купувања руска нафта.
„Не сметаме дека ваквите изјави се легални. Веруваме дека суверените земји треба да имаат и имаат право да ги изберат своите трговски партнери (…) и формите на трговска и економска соработка што се во интерес на една или друга земја“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно, Трамп изјави дека од петок ќе воведе нови санкции врз Русија и против земјите што купуваат руски енергетски ресурси, освен ако Москва не преземе мерки за прекин на конфликтот во Украина.
Сепак, рускиот претседател Владимир Путин не даде никакви знаци за каква било промена во ставот на Русија за војната, забележуваат агенциите.
Њу Делхи ги нарече заканите на Трамп „неоправдани“ и вети дека ќе ги брани своите економски интереси, продлабочувајќи го трговскиот јаз меѓу Индија и САД. Кон крајот на минатата недела, претставници на индиската влада изјавија за „Њујорк тајмс“ дека нивната земја ќе продолжи да купува нафта од Русија и покрај заканата од санкции.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури