Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт

Русија ќе ги затвори филијалите на германскиот Гете-институт во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Одлуката следува откако Германија најави затворање на Рускиот дом во Берлин, во рамки на новите контрамерки кон Москва.
Лавров порача дека Русија мора да возврати на потегот на Германија, нагласувајќи дека затворањето на културниот центар во Берлин не може да остане без одговор.
Потегот е дел од продлабочувањето на дипломатските тензии меѓу двете земји.
Берлин, пак, ја обвини Русија дека стои зад неодамнешниот инцидент со дрон на аеродромот „Лајпциг/Хале“ и најави дополнителни мерки.
Германија планира и затворање на рускиот Генерален конзулат во Бон, раскинување на договорот за функционирање на Рускиот дом во Берлин и заострување на контролите за влез на руски државјани.
МИА
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
