Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Полска шири „митови“ за упадот на дронови со цел „дополнително да ја ескалира украинската криза“.
Во соопштение објавено на својата веб-страница, министерството повторува дека не планирало да ја гаѓа територијата на Полска.
– Овие конкретни факти целосно ги демантираат митовите што Полска повторно ги шири за да ја ескалира украинската криза, се вели во соопштението.
Министерството додава дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, „не можел да одговори на прашањето дали постојат докази“ за планиран напад.
– И покрај очигледната недоследност на инсинуациите што доаѓаат од Варшава, за да се разјасни целосно што се случило пред сите заинтересирани страни и да се спречи понатамошно влошување на ситуацијата, Министерството за одбрана на Руската Федерација е подготвено да одржи консултации со Министерството за одбрана на Република Полска по ова прашање. Рускиот Министерство за надворешни работи, од своја страна, исто така е подготвено да се приклучи, стои во текстот.
Во меѓувреме, полскиот министер без ресор Томаш Симонјак ја обвини Русија за ширење дезинформации околу упадот на дронови. Тој на X напиша дека Русија лансирала „масовна кампања за дезинформации“ и оти ја „клевети Полска.“
Полска доби целосна поддршка од своите сојузници во НАТО, кои независно го осудија упадот на дронови на полска територија.
МИА
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор