Русија ја предупреди Јужна Африка дека апсење на Путин би значело „објавување војна“
Москва ја предупреди Јужноафриканската Република (ЈАР) дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин би било еднакво на „објавување војна“, јави ДПА, повикувајќи се на писмената изјава објавена синоќа од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.
„Русија јасно стави до знаење дека апсење на нејзиниот актуелен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напиша Рамафоса во својата изјава упатена до Високиот суд во северната јужноафриканска провинција Гаутенг.
Согласно тоа, ЈАР има „очигледни проблеми со спроведувањето на барањето за апсење и екстрадиција на претседателот Путин“, напиша и тој.
Рускиот лидер е поканет во Јоханесбург на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Југоисточна Азија) од 22 до 24 август и покрај меѓународната потерница за негово апсење.
ЈАР се соочува со зголемен меѓународен притисок да потврди дека ќе го исполни налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) доколку Путин присуствува на самитот, забележа ДПА.
ЈАР го потпиша Статутот на МКС, но засега не е јасно како ќе дејствува.
Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин во март, обвинувајќи го за наводни воени злосторства во Украина.
Рамафоса рече дека не може пред јужноафриканскиот народ да го правда „преземањето на ризикот од војна со Русија“. Напротив, тој вети дека ќе го „заштити националниот суверенитет, мирот и безбедноста“ на Јужна Африка.
Поради ова, ЈАР поднесе барање до МКС за ослободување од обврската за апсење на Путин.
Ново на Сител
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим