-->
-->
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-->

Кремљ денеска соопшти дека преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот се „паузирани“, без да се одреди точен датум за следната рунда преговори.
– Комуникациските канали постојат, добро се воспоставени. Нашите преговарачи имаат можност да комуницираат преку тие канали, но засега би сакале да зборуваме за пауза, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг.
Разговорите што се одржаа претходно годинава во Истанбул не резултираа со никаков вистински напредок, освен со договор за размена на воени заробеници.
Од преговорите досега се знае дека Русија, меѓу другото, бара демилитаризација и делови од Украина, додека Киев условите ги смета за неприфатливи и бара безбедносни гаранции од своите сојузници.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
