Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
Руските власти утринава соопштија дека во текот на ноќта собориле 162 украински беспилотни летала, повеќето од нив во Курскиот и Белгородскиот регион, на границата со Украина, во време кога денеска во Истанбул треба да започнат нови директни разговори меѓу Русите и Украинците.
„Системите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 162 украински дронови“ синоќа помеѓу 17:10 и 23:00 часот по средноевропско време, соопшти руското Министерство за одбрана.
Беспилотните летала главно ги таргетирале Курскиот регион (57) и Белгородскиот регион (31), се додава во соопштението.
Ова се случува во време кога руските и украинските делегации треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул, при што перспективата за крај на конфликтот од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледа далечна.
Пред долгоочекуваните разговори, Украина во неделата започна координиран напад со беспилотни летала во голем обем врз воените аеродроми во Русија, дури до Сибир, а Москва подоцна потврди дека неколку од авионите „се запалиле“.
Украина редовно испраќа беспилотни летала во Русија како одговор на секојдневните воздушни напади на нејзина територија.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание