Русија: Оштетеното вселенско летало за снабдување падна во океан
Руското вселенско летало за снабдување „Прогрес МС-21“, кое се симна од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради оштетување, денеска се запали по враќањето на Земјата и се урна во Тихиот Океан.
Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека леталото ја напуштило орбитата и влегло во фаза на спуштање на Земјата, но при влегувањето во атмосферата се запалило и се урнало во океанот.
- Деловите од леталото кои не изгореа паднаа во изолиран дел од Тихиот Океан и потонаа, се вели во соопштението на корпорацијата објавено на Телеграм.
Шефот на Роскосмос претходно соопшти дека во изминатите неколку месеци се појавиле две аномалии на МВС.
- Аномалиите се нарушување на системот за термичка контрола на леталото „Сојуз-22“ и на бродот за снабдување „Прогрес-21“. Формирана е комисија за итни случаи. Резултатот од двете аномалии е ист, но нивните причини може да бидат различни, рече шефот на Роскосмос.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
