Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5

Русија успешно го изведе првото пробно лансирање на својата нова ракета Сојуз-5, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.
Објавено е дека ракетата без проблеми полетала од космодромот Бајконур во Казахстан.
Според соопштението на Роскосмос, ракетата Сојуз-5, која агенцијата ја опишува како лансирна ракета опремена со најмоќниот мотор на течно гориво на светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21.00 часот по московско време.
Новата лансирна ракета е способна да носи товар до 17 метрички тони, значително ќе ги намали трошоците за лансирање и ќе се покаже поефикасна од своите претходници во поставувањето објекти, вклучувајќи сателити, во ниската Земјина орбита, наведува агенцијата.
Шефот на Роскосмос Дмитриј Баканов го опиша ова како „нова фаза во истражувањето на вселената“, додавајќи дека ќе создаде нови работни места во Русија и Казахстан.
Баканов рече дека Сојуз-5 е првата нова ракета-носач која Русија ја развила од 2014 година.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
