Свет
12. July 2025 - 9:52

Русија во текот на ноќта жестоко ја нападна западна Украина со дронови и ракети

Русија во текот на ноќта започна жесток бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина, гаѓајќи области далеку од линијата на фронтот, соопштија утринава украинските медиуми и официјални лица.

Експлозии се регистрирани во градовите Л’вов, во близина на границата со Полска, Черновци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град Луцк, објавија медиумите.

-По нападот, избувна пожар во зграда во Л’вов, објави градоначалникот Андриј Садовји.

Украинските воздухопловни сили претходно предупредија за пристигнување на балистички ракети и беспилотни летала лансирани од Русија и насочени кон запад. Според официјални извори, биле видени беспилотни летала како се приближуваат кон областите Тернопол и Волин.

Сирени за воздушен напад беа активирани во Волиње, а властите ги повикале жителите да останат во засолништа.

За време на нападот, Полска распореди борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор, објавија полските вооружени сили на платформата X.