Преглед на вестите од светот
Најмалку 4 лица загинаа во рускиот напад врз Украина. Со близу 600 дронови и 26 ракети во текот на ноќта беа нападнати повеќе украински градови, повредени се 30тина лица меѓу кои има и деца.
Меѓу посериозно погодените е и градот Лавов, кој се наоѓа на самата украинска граница со Полска, земја членка на НАТО. Во текот на нападите полските воздухопловни сили објавија дека ги подигнале воените авиони за да го заштитат воздушниот простор.
Во последните денови Украина е мета на најтешките руски напади од почетокот на војната пред три години.
Прекин на доводот на гориво до моторите е причина за падот на авионот на Ер Индија во кој минатиот месец загинаа 260 лица. Ова го покажува прелиминарниот извештај од истрагата.
Анализата на снимката од црната кутија открила и збунувачки разговор помеѓу пилотите кои иако прекинувачите брзо биле вратени во нормална позиција за лет, сепак немале време да ја избегнат катастрофата.
Извештајот предизвика револт помеѓу роднините на загинатите, но индиските власти побараа да не се брза со заклучоци пред конечниот извештај
-Не мислам дека треба да брзаме со какви било заклучоци за ова. Навистина верувам дека имаме најпрекрасна работна сила во однос на пилотите и екипажот во целиот свет. Морам да ценам. Морам да ги ценам сите напори што пилотите и екипажот во оваа земја ги вложуваат во авијацијата. Тие се 'рбетот на ова цивилно воздухопловство. Тие се примарен ресурс на цивилното воздухопловство. И ние се грижиме и за благосостојбата и благосостојбата на нашите пилоти. Затоа, да не брзаме со какви било заклучоци во оваа фаза. Да почекаме на конечниот извештај.“ вели Рам Мохан Наиду, индиски министер за цивилно воздухопловство
Авионот на Ер Индија падна само 40 секудни по полетувањето, при што загинаа 240 лица, а преживеа само еден патник.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар