Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европските елити се решени да ја искористат годишнината од трагичните настани во Нови Сад во Србија за „пресврт“ на ситуацијата во своја корист, објави денеска Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР), пренесоа српските медиуми.
Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на Руската Федерација.
Прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација известува дека, според информациите што ги добиле, моменталните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивни активности на ЕУ и нејзините земји-членки.
„Целта на европскиот либерален мејнстрим е да донесе на власт во оваа најголема балканска земја послушно и лојално раководство на Брисел. Мора да се признае дека европските елити успеваат во многу работи: младите луѓе се радикализираат, преминувајќи од мирни протести кон „револуционерни“ методи на борба и насилство“, се вели во соопштението на СВР.
„Сценариото за обоена револуција во Србија, кое Западот успешно го тестираше во многу земји, не успева. Крајните цели на европската бирократија не се постигнати“, се вели во соопштението на прес-службата.
Службата за надворешно разузнавање наведе три причини за ваквиот развој на настаните: „Силните патриотски чувства што опстојуваат во локалното општество, обединувачкото влијание на Српската православна црква, како и сеќавањето на агресијата на НАТО и бомбардирањето на земјата, што резултираше со нејзин колапс“, вели СВР, пренесоа српските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
