Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје

Руската армија започна тридневни воени вежби и обука за ракување со нуклеарно оружје, со учество на илјадници војници низ целата земја, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Вежбите се први од таков вид во Русија по истекот на програмата „Нов СТАРТ“ во февруари годинава, што беше последниот договор што ги ограничуваше нуклеарните арсенали на Русија и на САД.
„Од 19 до 21 мај вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат вежба за подготовка и употреба на нуклеарно оружје во случај на закана од агресија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
На маневрите ќе бидат мобилизирани над 65 илјади војници и 7.800 системи на воена техника како и повеќе од 200 ракетни лансери. Во вежбите ќе учествуваат авиони, бродови, подморници и нуклеарни подморници.
Планирани се пробни лансирања на балистички и крстосувачки ракети.
Во соопштението се наведува и дека вежбата ќе ја опфати и заедничката обука за употреба на нуклеарно оружје распоредено на територијата на Белорусија.
МИА
Ново на Сител
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
