Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
По новите сознанија поврзани со случајот во Штип, уште две малолетни девојчиња пријавиле несоодветно однесување од страна на 65-годишниот наставник, кој е и сопственик на приватен образовен центар. Откако првично беа евидентирани изјави од три деца, биле поднесени дополнителни две пријави во полиција. И овие девојчиња тврдат дека биле изложени на недозволени допири од страна на наставникот. Поради осетливоста на случајот, СВР –Штип и Центарот за социјални работи не излегуваат со детали, зашто се инволвирани деца помлади од 15 години.
- Од Основно јавно обвинителство информираа дека
Поведена е истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека во подолг временски период вршело недозволени полови дејствија врз три малолетни девојчиња. Осомничениот од септември 2023 година па сè до 11 мај 2026 година, за време на дополнителна настава во образовен центар, користел прилики да им се приближува и физички да ги допира девојчињата, кои биле на возраст од 10, 11 и 13 години. (ТЕЛОП- ОЈО)
Случајот бил откриен во понеделникот, кога ученичка од четврто одделение им раскажала на своите родители дека во текот на дополнителните часови наставникот несоодветно ја допирал. Родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција, по што следувале и други пријави од деца кои посетувале настава во истиот образовен центар. Доколку се докаже дека наводите се точни, за ова дело е предвидена затворска казна од 3 до 20 години.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
