ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото

Истрагата на Обединетите нации откри дека депортацијата и преместувањето на украински деца, што руските власти ги спроведуваат од инвазијата на Москва на Украина во 2022 година, претставуваат злосторства против човештвото.
„Во овој извештај, Комисијата заклучи дека злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени од руските власти се насочени кон децата, кои се едни од најранливите жртви. Овие злосторства имаат трајни последици врз нивните животи и иднина“, се наведува во извештајот, што утре ќе биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН (UNHRC) во Женева.
Извештајот на Независната меѓународна истражна комисија за Украина ги проучи случаите на 1.205 деца од пет украински региони и откри дека 80 проценти од нив сè уште не се вратиле во својата татковина.
Русија негира дека киднапирала деца против нивна волја
Украинските власти тврдат дека Русија нелегално депортирала или насилно раселила над 19.500 деца во Русија или Белорусија, што би претставувало кршење на Женевските конвенции. Минатогодишното истражување, кое беше финансирано од САД, покажа дека Русија ги проширила своите програми за превоспитување на депортирани деца.
„Депортациите и преселбите се одвивале на различни локации низ поширока географска област во делови од Украина под руска окупација, откако биле забележани редовни обрасци на однесување.
Ова укажува дека станува збор за систематски и широко распространети дејствија“, се истакнува во извештајот.
Русија негира дека киднапирала деца против нивна волја и тврди дека ги евакуирала оние луѓе кои го побарале тоа за да ги отстрани од воената зона.
МИА
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
