Руски авион со 28 лица кој исчезна од радарот најверојатно паднал во море
Руски авион со 28 лица кој исчезна од радарот најверојатно паднал во море. Руските медиуми пренесуваат дека авионот исчезнал од радар додека се подготвувал за слетување. Флота бродови е вклучена во пребарувањето во близина на Палана, која се наоѓа на западниот брег на полуостровот Камчатка.
Контактот со авионот бил изгубен на само 9 километри од аеродромот во градот. Руските власти отворија истрага откако авионот АН 2 кој летал над оддалечениот полуостров Камчатка се изгуби од радарот. Во авионот се превезувале 22 патници од кои едно дете и 6 члена во екипажот. Летот бил од Петропавловск Камчатски до градот Палана кој бил оддалечен на 700 км. Станува збор за локален авио превозник на компанијата Камчатка ерлејнс кој организира летови до изолирани аеродроми користејќи неколку авиони од советско и чешко производство.
Според службите авионот бил исправен, истражен комитет испитува дали исчезнувањето настанало како резултат на кршење на безбедносните правила или поради лоши временски услови. Сојузната агенција за воздушен транспорт изјави дека во околината се забележани големи облаци и магла.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
