Руски пливач исчезна при препливување на Босфор

Руски 29-годишен пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, соопшти денеска Турскиот олимписки комитет во чија организација се одржа Босфорската интерконтинентална пливачка трка.
Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.
„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).
„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“
Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.
Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.
Ново на Сител
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
