Руски пливач исчезна при препливување на Босфор

Руски 29-годишен пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, соопшти денеска Турскиот олимписки комитет во чија организација се одржа Босфорската интерконтинентална пливачка трка.
Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.
„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).
„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“
Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.
Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.
Ново на Сител
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
-

2.916 парчиња пиротехнички средства пронајдени во локал во Тетово
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност
-

Ги убивал за да ги задоволува половите страсти спрема мртви тела, детали од обвинението за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во постапката за проневера во ФФМ
-

АИ и кибер-одбраната во фокус на „Skopje Security Conference 2026“
-

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри
