Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Северна Македонија да се здружат, да работат заедно и да обезбедат колективна одбрана на НАТО територијата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ од каде се обрати пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, пофалувајќи ја улогата на Северна Македонија во Алијансата и нејзиниот придонес кон колективната безбедност.
Во своето обраќање, Руте нагласи дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година, потенцирајќи го учеството во копнените сили, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.
- Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни – и чувајте нè безбедни, порача Руте на крајот од обраќањето.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски на Генералниот секретар на НАТО му врачија Големи плакети на Армијата.
Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
