-->
-->
САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-->

Стејт департментот на САД денеска соопшти дека им наредил на владините службеници, кои немаат задолженија во вонредни ситуации, да ги напуштат Бахреин, Ирак, Катар, Јордан и Кувајт заедно со нивните семејства.
Наредбата е донесена од безбедносни причини со оглед на разгорувањето на конфликтот на Блискиот Исток, кој почна со заедничката израелско-американска воена операција против Иран на 28 февруари.
Во исто време, амбасадата на САД во Кувајт соопшти дека се затвора до понатамошно известување.
Американската амбасада во Ерусалим, пак, информираше дека „овој пат не е во позиција да евакуира или директно да им помага на американските граѓани да го напуштат Израел“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
