САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста

САД во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави синоќа заменик-министерот за одбрана на САД, Елбриџ Колби, пренесува ДПА.
Колби оцени дека станува збор за „релативно мало преиспитување“ што главно се однесува на специфична, потенцијална употреба на нуклеарно оружје.
„Очигледно целта овде, нагласувам, е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста“, рече Колби.
Тој посочи дека американската војска досега била организирана на начин што и овозможувал да спроведува „операции за промена на режими“, но дека сега се пренасочува кон „одбранбена функција за спречување“ конфликти, со акцент на заштитата на територијалниот интегритет на сојузниците.
Минатата недела „Ен-Би-Си“ објави дека Колби работи на нова нуклеарна стратегија што би вклучувала потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје со краток дострел во случај на регионална војна со Кина или Русија.
Американските медиуми се повикаа на информации од пет лица запознаени со плановите на Пентагон.
Тоа особено се однесува на сценарија за регионални војни во кои сојузниците на САД би биле загрозени или нападнати од друга страна, забележува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
