САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

Американската воздушна команда за глобален удар на воздухопловните сили на САД денеска спроведе тест лансирање на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Minuteman III“ од воената база Ванденберг во Калифорнија.
Тестот, означен како GT 254, имаше за цел да ја потврди сигурноста, оперативната подготвеност и точноста на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), што е клучен елемент на американската национална одбрана, официјално соопшти воената база Ванденберг.
„GT 254 не е само лансирање, туку е сеопфатна проверка на способноста на системот ICBM да ја изврши својата критична мисија. Податоците собрани за време на тестот се од суштинско значење за одржување на сигурноста и точноста на ракетниот систем“, изјави потполковник Кери Вреј, командант на 576-та ескадрила за тестирање на летови.
Тестирањето беше спроведено како дел од рутински и периодични активности што овозможуваат проценка на можностите на Minuteman III, беше прецизирано во соопштението, во кое се наведува дека се применети „строги безбедносни протоколи“, а добиените податоци се користат за понатамошно истражување и развој на американските одбранбени и вселенски програми.
Ненаведувачката ракета патуваше околу 4.000 милји (6.760 километри) до Центарот за балистички тестови „Роналд Реган“ на американската армија на Маршалските Острови, каде што напредните сензори и радари собраа клучни податоци за време на последната фаза од летот.
„Додека ги модернизираме силите на ICBM со системот LGM-35A Sentinel, важно е да се одржи подготвеноста на постојната флота Minuteman III. GT 254 помага да се постигне таа цел, обезбедувајќи ја точноста и сигурноста на системот“, нагласи командантот на Воздушната команда за глобален удар, генерал Стивен Л. Дејвис.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
-

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
