САД одобри продажба на Патриот системи на Данска за Украина
САД одобрија продажба на повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот и друго оружје на својот сојузник во НАТО, Данска, која со тоа планира да ја поддржи Украина во борбата против Русија.
Американскиот Стејт департмент го одобри договорот вреден 8,5 милијарди долари (7,3 милијарди евра), кој вклучува шест лансери, радарски системи, системи за наведување и проектили.
Данска и другите членки на НАТО сакаат да ѝ испорачаат на Украина напредни системи за вооружување за да ја зајакнат нејзината одбрана од руските напади. Со оглед на тоа што Данска нема Патриот системи, таа мора да ги купи од САД. Холандија исто така купи Патриот системи за да ја зајакне украинската противвоздушна одбрана.
Киев во последните месеци повеќепати бараше Патриот системи од западните сојузници за подобро да ги заштити своите градови од руските воздушни напади.
Со оглед на тоа што САД не се подготвени да финансираат дополнителни испораки на оружје за Украина, партнерите од НАТО купуваат американски системи и ги префрлаат на украинските сили.
МИА
Ново на Сител
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош