Македонија
1. September 2025 - 14:01

Дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 68,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 68,00 за литар.

За 0,128 денари поскапува  Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 38,393 денари.

 

МИА