САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран, што е за 25 проценти повеќе од проценките на Министерството за одбрана од јули, објавуваат агенциите информации од Пентагон.
Новите податоци за растот на трошоците доаѓаат во време кога републиканците се обидуваат да ги ублажат политичките последици од непопуларната војна пред изборите на 3 ноември, на кои ќе се одлучува кој ќе има контрола врз Конгресот следните две години.
Влијанието на конфликтот врз светските цени на енергенсите ја намали поддршката за кандидатите на Републиканската партија и негативно се одрази врз рејтингот на претседателот Доналд Трамп. Републиканците во моментов имаат тесно мнозинство во двата дома на Конгресот.
Последните проценки на Пентагон ги опфаќаат оперативните трошоци за воените дејствија, како и повеќе од 29 милијарди долари потребни за обновување на потрошените резерви на муниција.
За замена на воената опрема уништена во војната, вклучително и авиони и беспилотни летала, ќе бидат потребни дополнителни шест милијарди долари.
Трамп ја почна војната против Иран заедно со Израел во февруари, првично предвидувајќи дека конфликтот ќе биде краткотраен.
Американската стратегија првично предвидуваше употреба на скапи високопрецизни ракети за уништување на иранските системи за противвоздушна одбрана. Подоцна, американските сили преминаа на поевтина муниција, достапна во поголеми количества, вклучително и ненаведувани авионски бомби.
Сепак, примирјето во април му овозможи на Иран да ги расчисти затрупаните подземни складишта и да обнови дел од своите одбранбени системи, ракети и беспилотни летала, што дотогаш биле недостапни.
Потоа Трамп воведе поморска блокада на Иран за да го запре извозот на иранска нафта, задржувајќи ја можноста за обновување на воените операции по конгресните избори.
Според високи американски претставници, Пентагон се подготвува за обновување на воените дејствија од големи размери доколку добие таква наредба.
MИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
