САД: Русите се на 25 километри од Киев и во предградијата на Харков и Чернихив
Руските сили се наоѓаат на околу 25 километри од центарот на Киев и 10 километри од центарот на Чернихив и Харков, изјави денеска за новинарите висок функционер на американското Министерство за одбрана.
Што се однесува до Харков и Чернихив, 10 километри од центарот „всушност значи дека тие се во предградијата на тие градови“, додаде тој.
Русите имаат подобар напредок на југот, рече тој, додавајќи дека САД не ги негираат информациите за падот на Херсон во руски раце, но не можат самостојно да ја потврдат таа информација. Русите се уште не го освоиле Мариопол на југот на земјата, изјави американскиот функционер и додаде дека во градот се водат жестоки битки.
„Имаме информации дека Русите продолжуваат да напредуваат кон Мариопол, но проценуваме дека се уште ги нема. „Тие продолжуваат да го бомбардираат градот“, рече тој, додавајќи: „Тие сакаат да го заземат од север и да освојат позиции на Азовското Море“.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
