-->
-->
САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-->

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата, со што директната американска помош изнесува над 200 милиони долари, соопшти синоќа Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе соработува со властите во Демократска Република Конго и во Уганда, за да се обезбеди „брз и сеопфатен одговор“ на епидемијата на ебола.
Според Светска здравствена организација (СЗО) во ДР Конго има 344 потврдени случаи на ебола и 60 смртни случаи.
Американскиот Стејт департмент, исто така, соопшти дека граѓаните на САД кои биле изложени на вирусот, но не покажуваат симптоми, ќе бидат ставени во карантин во Кенија, во специјален објект што го гради САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
