Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествувале претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.
Во своето обраќање Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на европската агенда и на спроведувањето на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните.
-Европската интеграција не е само политички приоритет, туку стратешка инвестиција во долгорочната стабилност, безбедност и просперитет на државата. Реформската агенда претставува клучна алатка за забрзување на реформите и приближување на земјата кон Европската Унија - потенцираСали.
Тој упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Михалис Рокас и Европската комисија за континуираната поддршка во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. Сали нагласи дека Северна Македонија е меѓу најуспешните земји во регионот во имплементацијата на Реформската агенда, обезбедувајќи досега повеќе од 142 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, додека во последниот циклус на оценување беа одобрени 65,7 милиони евра – највисок износ исплатен во регионот.
Како што информираат од Министерството за европски прашања, на состанокот е презентиран напредокот во областа на реформата на јавната администрација, владеењето на правото, дигиталната трансформација, зелената транзиција, управувањето со јавните финансии и развојот на човечкиот капитал.
Учесниците ја потврдија заедничката посветеност за продолжување на реформите и ефективно користење на Инструментот за реформи и раст како механизам што носи конкретни придобивки за граѓаните и економијата.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
