Македонија
1. April 2022 - 19:46

Само 200 граѓани примиле вакцина на вакциналниот караван

За 12 дена потрошени едвај 40тина вијали на Фајзер во Караванот за имунизација.  Во мобилните пунктови во Шуто Оризари, Ново Село, Струмица вакцини примиле над 200 граѓани. Најголем број од нив биле за трета а ретки биле оние кои прв пат се појавиле пред вакцинални тимови.  Здравствените власти велат дека зголемувањето на опфатот е минимален и во земјата сеуште има 41,2 проценти вакцинирани што е далеку од европскиот просек.

-Целта на караванот е да ги поттикнеме граѓаните да одат на вакцинација бидеји голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици на ковид 19. Невакцинираните имаат поголем ризик од фатален исход, изјави др. Владимир Рендевски заменик министер за здравство.

 Караванот завршува во недела откако претходно мобилните пунктови ќе им бидат достапни и на жителите во Кичево и Струга. Организатор е Министерството за здравство со поддршка од Уницеф и Усаид и посетите се во градски и рурални места каде има помал интерес за вакцини.

Како и караванот не се многу високи и бројките од извештајот на ИЈЗ. Од 21 до 27 март редовните пунктови за имунизација ги посетиле помалку од 3000 лица од кои повеќе од 80 проценти биле за бустер доза.