Македонија
9. December 2023 - 16:42

Само со разговор може да се надмине стравот кај децата по двојното убиство

Вознемиреност, страв, паника...владее кај голем број деца по двојното убиство кое ја потресе јавноста. Родители реагираат дека децата се плашеле сами да излегуваат надвор и да одат на училуиште откако слушнале за убиството на 14-годишната Вања. Психологот Цветанка Бурзевска советува дека ваквата ситуација може да се надмине само со отворен разговор и на училиште и дома.

-Најдобро е да се разговара на класен час, но пред тоа класните да разговараат со стручите служби. Има став кај децата јас имам деца кои доаѓаат кај мене и се плашат да излезат. Ова ќе се надмине, ама ќе биде потребно време и пред се отворен разговор со децата, вели Цветанка Бурзевска, лиценциран психолог.

Родителите дома да не зборуваат  во присуство на децата за трагедијата, а за многуте шпекулации да им објаснат дека се што ќе слушнат и видат не е вистина.

-Да бидат отворени и да знаат децата дека тие се тука да ги заштитат и да бидат спремни да одговорат на сите нивни прашања, вели психологот Бурзевска.

Психологот Бурзевска вели дека има и деца кои после вакви немили настани реакција ќе појават по неколку месеци и во такви случаи да се побара помош од психолог за детето да нема последици.

Во училиштето каде учеше Вања децата можат да добијат психолошка подршка и советување, а во процесот вклучени се и надворешни стручни лица психолози и психијатри информираше министерството за образование.