Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата сезона 2026/27 во Париз и во Манчестер. Натпреварите ќе се одржат на 14 и 17 јануари 2027 година, објави „ESPN“.
Ова ќе бидат првите натпревари од регуларната сезона на Њу Орлеанс во странство. Тимот претходно играше претсезонски натпревари во Кина во 2016 година и во Европа во 2008 година.
Овие натпревари ќе вклучуваат младински кошаркарски школи, семинари за тренери и судии и интерактивни активности за навивачите.
Посетата на Пеликанс ќе биде е втора на тим од Њу Орлеанс на Париз за три месеци. Претходно, на 25 октомври во француската престолнина ќе се игра натпревар од НФЛ во кој Њу Орлеанс сеинтс ќе играат против Питсбург. Сопственичката на „Пеликанс“ и на „Светците“, Гејл Бенсон, ја нарече можноста за меѓународно играње важен чекор во зајакнувањето на културните и економските врски меѓу Американците и странските земји.
Во јануари 2025 година, Сан Антонио одигра два натпревари од регуларната сезона на НБА против Индијана во Париз.
МИА
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
