Македонија
14. July 2021 - 12:49

Санирана штипската депонија

За рекордно кратко време, поточно, за една недела санирана и уредена штипската депонија за цврст отпад “Трештена скала”. Сметот во градската депонија често го палеа дивите собирачи на железо и пластика, предизвикувајќи пожари иаерозагадувањево градот. За нив депонијата во иднина ќе биде недостапна.

- Веќе е распишан тендерот за физичко обезбедување и во овој дел нема да може да влезе никој што е ненајавен. Имаме и втора фаза, во која сето ова ќе го покриеме со земја, како што и секаде во Светот се прави и ќе започнеме со еден нов начин на функционирање на депонијата, изјави Здравко Коцев, директор на ЈП “Исар“ -Штип 

Горлив проблем во градот е и неконтролираното одлагање на градежен шут во и надвор од депонијата, а кој мора да биде пријавен во општинските комунални инспекциски служби.

- Нема да имаме движење на трактори и камиони со шут и отпад, нерегистрирани и непријавени во инспекциските служби, заради тоа што, тоа е единствениот начин да се канализира и контролира отпадот и шутот кој се создава и расејува насекаде низ градот-изјави Сашко Николов, градоначалник на Штип. 

Штип дневно продуцира околу 280 кубни метри отпад кој се одлага на градската депонија. Овој простор во иднина ќе биде и една од претоварните станици за отпад од останатите општини, кој ќе се депонира на регионална депонија во Овче Поле.