-->
-->
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-->

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 27 јануари до 2 февруари 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од Јавното претпријатие.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
