Македонија
13. July 2025 - 11:56

Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Полициски службеници од СВР Струмица, вчера во шумски предели на подрачје на Струмица презеле мерки и активности со цел да утврдат дали граѓаните ја почитуваат донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 1 јули 2025 година, а ќе трае до 31 август 2025 година.

Како што соопшти денеска МВР, при контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми“.

За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.