„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари.
Средствата за набавката, како што соопштија од иницијативата, биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство.
Од „Сапорт Кочани“ информираат дека компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.
-Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
