-->
-->
Сашко Кедев го освои и Гашербрум I, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000 метри
-->
Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8 080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8 000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти.
Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10:44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
- Врвот Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници - историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот