Македонија
6. March 2022 - 16:36

Сашо Андонов успеа да се извлече од Киев со помош на македонската амбасада во Полска

По многу непреспиени ноќи во засолништво, страв и неизвесност, семејството на Сашо Андонов конечно се извлече од Киев. Преполни возови до кои не може да се стигне, денови поминати без намирници,  Сашо е еден од македонските државјани кој беше заглавен во украинската престолнина. Тој и неговото семејство сега се на безбедно но се уште бараат начин како да ја преминат границата и  да тргнат кон Македонија. За неговото успешно извлекување заслужен е македонскиот амбасадор во Полска со кого единствено контактирал.

Сликите од железничката станица во Киев тој никогаш нема да ги заборави. Луѓето ризикуваат да го изгубат животот висејќи по вагоните/

Во меѓувреме украинците кои живеат во Македонија маршираа  против војната во Украина.

Ова е втор протест предводн од здружението ЛЕСЈА УКРАИНКА.